ПРОФИЛ
Компанијата Новатек, благодарение на нејзиниот динамичен тим и меѓународното искуство, успешно заврши неколку проекти во Турција и во странство и се гордее што ја заслужи својата сегашна позиција во електромашинскиот сектор.
Новатек се покажа како успешна компанија реализирајќи проекти од Сибир до Африка, како и на Балканот каде што постојат спротиставени, природни, културни и административни услови и каде што се бараат различни норми и стандарди. Новатек го антиципираше модерниот менаџерски менталитет и успешно го претвори во пракса.
Со цел да воспостави поефикасна комуникација помеѓу седиштето и локалните канцеларии на различни места, развиена е комуникациска инфраструктура. Благодарение на оваа компјутерска инфраструктура, работните процеси може да се следат и контролираат за да се избегнат дефекти пред да се случат, а исто така обезбедува безбедни извештаи до нашите клиенти.
Исто така, Новатек како компанија-пионер во својот сектор во однос на обезбедувањето на високо ниво на задоволство кај клиентите, поседува сертификат ISO 9001:2000 и го комбинира концептот на задоволство на клиентите со концептот на вкупен квалитет и тоа го реализира на терен.
Концептот за безбедност и здравје при работа е внедрен во компанијата Новатек преку внатрешни и надворешни обуки. Оваа Концепцијата за безбедност и здравје при работа за Новатек не претставува само збир на правила и процедури, туку е и неопходен дел.
Имајќи го предвид досега сработеното, компанијата Новатек претендира со својот современ менаџерски менталитет и визија да стане сигурен деловен партнер во иднина.
ВИЗИЈА
Покрај тоа што досега компанијата Новатек покажа успешни резултати на меѓународно ниво, таа е и во стратешка соработка со инвеститорите и со другите даватели на услуги за здрав и постојан раст.
Основна цел на компанијата Новатек е да стане глобална компанија којашто ќе биде барана во меѓународни рамки и ќе се смета за компанија од доверба.
Новатек е во тек со новите и чисти енергетски технологии за одржлив свет и го применува еколошкиот концепт во своите проекти.
МИСИЈА
Менаџерскиот менталитет на компанијата Новатек е приспособлив на сите географски, културни и технички стандарди и за своја основна цел го има создавањето на решенија ориентирани кон клиентите, и воедно вклучува безбедни и квалитетни инженерски методи.
Приоритетната цел на компанијата Новатек е да има задоволни клиенти и да покаже извонредност во договорниот свет во однос на еколошките технологии, оптимизирајќи ги проектите како фактори на време и трошоци, без да прави компромиси со принципите на квалитет, здравје и безбедносни услови.
СТРАТЕГИЈА
Основната стратегија на Новатек за следниот период е да се шири на Балканот и Европа, да ги развива своите активности преку привлекување на нови клиенти и градење на нови партнерства.
Растот ќе биде како што следува:
-Органски раст – со проширување на капацитетите и продолжување на профитабилноста проследена со раст на постоечките пазари.
-Неоргански раст – Покрај органскиот раст на новите и постоечките пазари, Новатек бара различни деловни партнерства со цел да го обезбеди постоењето на компанијата и да ја зголеми профитабилноста.